Кувертира ДООЕЛ Скопје - Сопствено производство на свежи слатки е претпријатие основано на 18.06.2001 година
Нашата главна цел е задоволување на потребите за вкус на нашите потрошувачи. Поради тоа, Кувертира е секогаш благодарна на Вашите мислења, сугестии и критики, за нашата работа, без кои денес не би можеле да бидеме успешни во сопствениот бизнис.
Квалитетот секогаш бил мотото на нашата работа. Поради тоа целиот персонал се однесува со голема посветеност и професионалност во работењето.
Нашето производство се одвива во сопствен погон и како потврда за квалитетното работење го имплементиравме HACCP стандардот во мај 2009 година.
Вашата нарачка секогаш можете да ја добиете на саканата дестинација, со санитарно исправно возило, каде производите се пренесуваат на идеална стандардизирана температура од.+4°C до -18°C.
Кувертира секогаш се бори и ќе стои против непрофесионалноста во производството и изработката на прехрамбени продукти, од било која прехрамбена гранка, бидејки го цениме здравјето на нашите потрошувачи.
Кувертира има голема благодарност до сите ценети потрошувачи кои досега ги пробале нашите производи и услуги, како и повик за сите следни клиенти и купувачи кои ќе се одлучат својот избор да го направат кај нас.